Политичкиот мобинг е реалност, ама жртвите се плашат да го пријават
Дури 84,2 % од анкетираните вработени биле жртви на политички мобинг покажува истражувањето на невладината организација Лаг Агро лидер. Но деградацијата, заканите, казните само заради различна политичка припадност ретко се пријавуваат заради стравот од губење на работното место и недовербата во институциите. Дали жртвите ќе може да се заштитат со внесување на политичкиот мобинг во постоечкиот Закон за вознемирување на работното место?