Судството им е во гените
Една петтина од кандидатите кои ја завршија Академијата за судии и јавни обвинители се роднини на функционери. Правосудството се полни со синови, ќерки, сопруги и снаи. Добро е што барем нема да има љубовни афери во судовите, сите се роднини меѓу себе, се шегуваат граѓаните на социјалните мрежи.