Пресметај дали ти се исплати да поставиш дома фотонапоски систем и да „правиш“ струја
Поставувањето фотонапоски системи во домаќинствата станува се попопуларно, но дали секоја таква инвестиција е исплатлива? Од тоа прашање тргнале и во Грин енерги груп кога ја создале нивната алатка за проверка на исплатливоста на ваквите фотонапонски системи во домаќинството. Алатката е едноставна за користење, а со ефикасност над 90%. Потребно е да се внесат податоци за потрошувачка на струја од една календарска година, да изберат ориентација на кровната површина на која сакаат да инсталираат фотоволтаичен систем, регион во кој живеат, да изберат тип на панели (2 типа), моќност на фотонапонскиот систем (4 типа) и да изберат дали станува збор за обично домаќинство или домаќинство кое како основен вид за греење користи електрична енергија. Врз основа на овие податоци, апликацијата прави детална финансиска анализа на фотонапонскиот систем со преглед на производството на струја на годишно ниво, цена на инвестиција, период на поврат на инвестиција, годишни заштеди и процентуално намалување на трошоци за струја по инсталирањето.