При новиот земјотрес во Турција загина едно лице, урнати се 29 згради
Земјотрес ја потресе југоисточна Турција на 27 февруари, при што загина едно лице, 110 беа повредени, а 29 згради се урнаа, соопштија турските власти. Новиот земјотрес предизвика дополнителна работа за спасување на неколку луѓе за кои се верува дека се затрупани во урнатините.
Последниот последователен потрес, со јачина од 5,6 степени и длабочина од 6,15 километри, се случи три недели по големиот земјотрес во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и Сирија. Имаше четири нови земјотреси во регионот во изминатите три недели, како и 45 последователни потреси со јачина меѓу пет и шест степени.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, на 11 километри јужно од градот Малатија. По првиот силен земјотрес следеа илјадници послаби потреси на турското тло. Жртви имаше и во земјотресот што ја погоди земјата на 20 февруари.