Реконструкцијата на Владата ќе ги задржи пратениците во Собрание до доцна во ноќта
Пратениците заминаа на пауза по неколкучасовната расправа за избор на новите министри во Владата. Дебатата за владината реконструкција е најавено дека ќе продолжи по 20 часот. За збор се пријавени уште четири пратеници. Тоа значи дека постои можност гласањето за реконструкцијата на владиниот кабинет во Собранието да се случи и вечерва.
Неколку часовната денешна дебата во Собранието помина во партиски расправии за тоа која партија направила повеќе или помалку додека била на власт. Во расправијата доминираа темите како корупција, економијата, земјоделството, здравството, „Скопје 2014“, стоковните резерви, инфлацијата, хакираните институции.
ВМРО-ДПМНЕ повторно обвинуваше за корупција и криминал, констатирајќи дека реизборот на министри и владината реконструкција ќе резултира со „коалиција за спас на Артан Груби“, Пратениците од владејачката СДСМ, обвинуваа за имоти „вредни милиони“ кои се стекнуваат со професорски плати.
Во Собранието се дебатира за нови членови на Владата да бидат избрани Кренар Лога како министер за правда, Фатмир Меџити како министер за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова во ресорот животна средина и просторно планирање.