Стејт Департмент - Балканските земји да ги зголемат казните за тероризам
Европа и натаму се соочува со терористички закани и акти, покажува извештајот на Стејт Департментот за 2021 година. Лидер во финансирање на тероризмот останува Иран. Балканските земји без терористички напади во 2021 година, но кај сите од нив, освен Северна Македонија, Стејт департментот посочува дека треба да ги зголемат казните за терористички активности за лицата кои се враќаат од Сирија или учествуваат во странски војни.