Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Апрель
2023

Апелација го врати предметот за организаторите на 27 април на повторно судење

0
Апелација го врати предметот за организаторите на 27 април на повторно судење

Апелациониот суд Скопје денеска ги уважи жалбите на обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски и ја укина првостепената пресуда, а предметот „Организатори на 27 април“ го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. 

„ Поради големиот интерес и транспарентност во работењето, судискиот совет на Апелациониот суд Скопје информира дека при разгледување на првостепената пресуда оцени дека при постапувањето по овој кривичен предмет сторени се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 и став 3 од Законот за кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право – Кривичниот законик“, се наведува во соопштението од Судот.

Апелација смета дека првостепениот суд врз основа на расположливиот доказен материјал во недоволна мера ги расправил сите спорни околности и не ги утврдил со сигурност сите решителни факти на кривичното дело и неговото дејство на извршување.

Понатаму како што се додава „ при утврдување на фактичката состојба Судот не утврдил со сигурност во што се состојат дејствата на секој од обвинетите Т. В., С. Р., М. Ј., сите од С., и В. А. од Д., со привремено престојувалиште во С., преземени во насока на остварување на кривичното дело за кое се обвинети, ако се има предвид дејството на извршување на предметното кривично дело за кое правната теорија и судската пракса се едногласни дека покрај умислата во субјективното битие како субјективен елемент на противправноста, влегува и намерата за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на РМ“.

Се додава и дека првостепениот суд сторил и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 3 од Законот за кривичната постапка, односно го повредил правото на одбрана на обвинетите, која влијаела врз законитото и правилно донесување на пресудата и врз правото на обвинетите на правично судење бидејќи не го расправил во доволна мера прашањето за одредбите што се однесуваат за амнестија на кривичното гонење.

За првиот предмет кој се однесува на „крвавиот четврток“ во 2017 година беа обвинети 33 лица од кои во пресрет на потпишувањето на Преспанскиот договор со закон за амнестија беа помилувани 15 лица меѓу кои и петмина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

За 16 осудени за „тероризам“ судот донесе пресуда со вкупно 188 години затвор. Вториот предмет се однесуваше на организатори на упадот во 2021 година заврши со пресуди за обвинетите од вкупно 25 години затвор.





Губернаторы России
Москва

Собянин: В Москве открылись новые выездные площадки для регистрации брака





Москва

Бухалово и Париж: откуда появились необычные и смешные названия населенных пунктов в России


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: В Москве открылись новые выездные площадки для регистрации брака



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Анастасия Волочкова

Волочкова заявила о воровстве со стороны домработницы Раи




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

"Спартак" обыграл "Рубин" со счетом 3:1

«Спартак» обыграл «Рубин» в последнем домашнем матче Джикии

В столице Туркменистана - Ашхабаде открыли памятник легендарному армянскому поэту и композитору Саят-Нове


WTA

Первая ракетка Казахстана вышла в финал турнира WTA в Италии



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Шапки женские на Wildberries — скидки от 398 руб. (на новые оттенки)



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России