Авганистанските специјални сили убија двајца припадници на Исламската држава
Авганистанските специјални сили убија двајца членови на екстремистичката вооружена група Исламска држава и уапсија еден член за време на операција спроведена денеска во западниот дел на земјата, изјави регионален официјален претставник. Официјални претставници рекоа дека нападот на специјалните сили во засолниште на екстремистите во областа Сајед Абад во провинцијата Нимроз предизвика судир кој траел половина час. Во редовите на авганистанските специјални сили и цивили нема жртви, а на припадниците на ИД им е одземена воената опрема. Читать дальше...