Предупредување до жителите на Хамбург по голем пожар во магацини
Противпожарната бригада во Хамбург предупреди на опасност од вдишување на чад и можните хемиските компоненти кои може да ги содржи воздухот поради пожарот кој утринава избувна во два магацини во северниот германски пристаништен град, јави ДПА.
Претставниците на противпожарната бригада се уште не можат да кажат што го предизвикало големиот пожар во текот на ноќта или што точно имало во запалените магацини.
Во официјалното предупредување, пожарот и облакот чад што се шири се класифицирани како „екстремна опасност“.
Од локалните жители е побарано да не ги отвораат прозорците и вратите и да се заштитат од чадот во широка област во североисточниот дел на Хамбург.
Германскиот железнички оператор Дојче Бан исто така најави дека поради пожарот мора да бидат затворени шините меѓу Хамбург и Бухен.