Џорџ Клуни и Лејди Гага членови на Комитетот за култура на Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ за назначување неколку познати културни дејци за членови на Комитетот за уметност и хуманитарни науки при претседателот на САД.
Како што се наведува во соопштението, копретседатели на комитетот ќе бидат пејачката Лејди Гага и продуцентот Брус Коен. Двајцата се добитници на многу награди.
Гага е добитничка на 13 награди Греми, а таа ја пееше американската химна на инаугурацијата на Бајден во 2021 година.
Коен соработуваше со администрацијата на Барак Обама, помагајќи на тогашната прва дама Мишел Обама на проект за поддршка на семејствата на војниците и ветераните.
Останати именувани членови на Комитетот се актерите Џорџ Клуни и Џенифер Гарнер, музичарот Џон Батист, Констанс Керол, претседател на Асоцијацијата на дипломци од општинските колеџи на Калифорнија. Потоа, Филип Делориа, професор по историја на универзитетот Харвард, Нора Халперн, историчарка на уметноста и куратор на многу авторски проекти.
Претседателскиот Комитет за