Кисинџер се надева на хакерски напади на САД против Русија
„Не се сомневам дека Русите нѐ хакираат. И се надевам дека ќе извршиме некои напади таму“, изјави Кисинџер во интервју за телевизијата Си-Би-Ес Њуз.
Кисинџер: Русија не е закана за САД
Поранешниот државен секретар на САД истакна дека „веројатно, секоја разузнавачка служба врши хакерски напади на територијата на други земји“.
Кисинџер исто така го според рускиот претседател Владимир Путин со главен лик од романот на Достоевски „Злосторство и казна“.
„Тој е студен калкулатор на националниот интерес на Русија, како што тој го сфаќа и кој, смета тој, веројатно правилно, има неколку уникатни особености“, објасни Кисинџер, додавајќи дека за Путин е многу важно „прашањето на идентитетот на Русија“, пренесува РИА „Новости“.