Експерт: Што се случи со Трамп и зошто?
Па сепак, во одлуката на 45 претседател на САД им многу необјасниви моменти. Зошто настаните се развиваа толку брзо, без поголеми подготовки? Зошто се појавија толку брзо и исто толку брзо исчезнаа вестите дека САД ја менуваат политиката спрема Асад? Уште два дена пред наводниот напад со хемиско оружје во Идлиб, портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека смената сирискиот режим повеќе не е приоритет за Вашингтон, потсетува Дробницки.
И верзијата за одговорноста на Асад за примена на хемиско оружје е исто толку смешна како и „податоците на разузнавачките служби за оружјето за масовно уништување на Садам Хусеин во 2003 година, смета експертот. Покрај тоа, операцијата на Буш јуниор во Ирак беше важен фактор во предизборната борба во САД. Со други зборови, која ја поддржуваше таа војна – грешеше.
Па сепак, „Њујорк Тајмс“ почна да го фали Трамп по ракетирањето на сирискиот воен аеродром, затоа што го „казни Асад за убиството на невини деца“. Уште вчера истиот весник го прекоруваше Трамп поради расистички изјави, а Иванка Трамп од скандалозна татина ќерка се претвори во идеал за современа жена.
„Взгљад“: Трамп целосно капитулираше пред американскиот естаблишмент
Зошто Трамп реши да преземе нешто што е спротивно на неговата предизборна програма и на сите негови говори по инаугурацијата?
Можно е Трамп да попуштил под притисокот на внатрешнополитичките проблеми и да стане уште еден Буш. Можно е естаблишментот да го „изел“ Трамп со учество на неговите роднини на кои им е ветена власт веќе во 2020 година (Дробницки мисли на зетот на Доналд Трамп Џеред Кушнер, кој наводно во замена за конфликт со Русија добил од елитата ветување дека ќе биде новиот претседател на САД ).
Не можеме исто така да го занемариме и тоа што одговорноста за нападот врз сириската воена база, за сите на Блискиот Исток, па и за меѓународната безбедност ја презеде групата во претседателската администрација предводена од новиот советник генерал Макмастер.
Токму тие ги убедија разузнавачките служби на САД дека се жедни за војна. Сето тоа, се разбира, не го ослободува 45 претседател на САД од одговорноста, „но тоа што меѓу Русија и САД во најдобро можно време за развој на билатералната соработка, од ноември до април практично немаше никакви контакти – тоа е системски проблем“, заклучува експертот.