Франција не најде докази за „вмешаноста на Русија“ во изборите
Шефот на француската Национална агенција за безбедност на информатичките системи (ANSSI) Гијом Пупар изјави дека во сајбер-нападите врз предизборниот штаб на Емануел Макрон не се откриени траги на хакери од Русија, пренесува агенцијата „Асошиејтед Прес“.
Путин: никакви хакери не можат да влијаат на резултати од избори
Според зборовите на Пупар, хакерскиот напад бил „толку лишен од специфика и беше толку едноставен, што можел да биде извршен практично од секој што ќе посака“. Тој истакна дека таквата едноставност „зборува за тоа дека може да се претстави дека нападот можел да биде извршен од еден човек“.
Истовремено шефот на ANSSI изјави дека не се откриени никакви потврди дека за нападот е одговорна руската хакерска група APT28, која беше обвинета, конкретно, за мешање во изборите во САД, пренесува РИА „Новости“.