Путин видел во Трамп искрен човек
Вакво мислење рускиот претседател искажа во разговорот со раководителите на странските информативни агенции, кој се одржа во рамките на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ) во четвртокот, пренесува „Блумберг“.
Зошто му подготвија на Путин „психолошко досие“ за Трамп
„Тој е директен и искрен човек“, изјави рускиот лидер во текот на разговорот со странските новинари кој се водеше зад затворени врати. Путин истакна дека претседателот на САД има „свеж поглед на работите“, што го прави различен од другите политичари.
Истовремено Путин потенцираше дека засега не е лично запознаен со Трамп и затоа не може да носи заклучоци за него како за човек, а не пак да го нарекува пријател.
На 19 март Трамп во програмата на телевизијата „Фокс Њуз“ го нарече рускиот лидер „цврст орев“. Портпаролот на Путин Дмитриј Песков, коментирајќи ја оваа карактеристика, истакна дека „англискиот јазик е мошне богат“, пренесува „Лента.ру“.