Рогозин: Дали Србија има пари да купи руски С-300?
Прашањето за испорака на руските ПВО-системи С-300 на Србија зависи од буџетот кој Белград е подготвен да го потроши, изјави вицепремиерот на РФ Дмитриј Рогозин на Петербуршкиот меѓународен економски форум.
Ја избира ли Балканот Русија за воен сојузник?
„Тоа е скап систем, чини големи пари. Дали Србија има пари да го плати овој систем. Србија во голема мера е заинтересирана за создавање противвоздушна одбрана за блиска борба: тоа е Тор, тоа е Бук, за блиска и средна борба. С-300, С-400 – тоа е веќе далечна борба. Тоа зависи од буџетот кој земјата е подготвена да го потроши. А ние немаме ограничувања со Србија“, изјави Рогозин за новинарите, пренесува РИА „Новости“.
Претходно Рогозин изјави дека Русија нема потпишано договор со Турција за испорака на С-400.
