Блинкен во Берлин на разговори за Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Берлин ќе одржи состанок со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, по што ќе следи состанок со Трансатлантската четворка во која се вклучени САД, Британија, Франција и Германија. Блинкен „ќе разговара за неодамнешните дипломатски ангажмани со Русија и заедничките напори за одвраќање на евентуална руска агресија врз Украина, вклучувајќи ја и подготвеноста на сојузниците и партнерите да наметнат санкции врз Русија“.
Блинкен во Киев на средба со Зеленски
Блинкен вчера во Киев изјави дека Русија би можела да изврши нов напад врз Украина на „многу краток рок“, но Вашингтон ќе продолжи со дипломатијата онолку долго колку што може, иако не е сигурен што навистина сака Москва. При посетата на Киев за да покаже поддршка за Украина, високиот американски дипломат рече дека Украинците треба да се подготват за тешки денови. Тој рече дека Вашингтон ќе продолжи да обезбедува одбранбена помош за Украина и го обнови ветувањето за строги санкции против Русија во случај на нова инвазија. Кремљ соопшти дека тензиите околу Украина се зголемуваат и дека сè уште чека писмен одговор на САД на нивните огромни барања за безбедносни гаранции од Западот.
САД веруваат дека Русија може да ја нападне Украина „во секој момент“
Песимистичките изјави го истакнаа јазот меѓу Вашингтон и Москва додека Блинкен се подготвува за утрешниот состанок со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој еден руски аналитичар го нарече „веројатно последната станица пред несреќата на возот“.