Тајани: ЕУ е најблизок партнер на Западен Балкан
Земјите од Западен Балкан имаат јасна европска перспектива и може да сметаат на поддршката на Европскиот парламент во тој процес, но сепак топката е во нивниот двор, изјави претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани во пресрет на неговата денешна средба во Белград.
Тој истакна дека Македонија постигнала значаен напредок и дека е оптимист, како во поглед на спорот околу името, така и на можноста земјата набргу да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ.
Тој оцени дека Србија и Црна Гора би можеле да бидат подготвени за членство до 2025 година. Тој додаде дека ЕУ е најблизок партнер на Западен Балкан во поглед на трговијата, во поглед на севкупната поддршка, додавајќи дека на земјите им се достапни средства за поддршка на процесот на проширување во 2018 и во наредните години.