Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2018

Новости за 01.02.2018

Тепачка во автобус во Ченто, има и приведени

SlobodnaEvropa.mk 

Автобус на ЈСП со број 65-б, кој сообраќа од село Брњарци кон Транспортен центар, вечерва бил каменуван  во скопската населба Ченто.  Според првичните информации, две групи средношколци се степале, по што едната група го каменувала автобусот. Полицијата привела 15 лица, а скршени се четири стакла од вториот спрат на  автобусот.

Скопски февруарски (суб)културен поход

SlobodnaEvropa.mk 

ALGIERS – еден од најактуелните нови светски рок бендови и Фестивалот на независна домашна музика „Земјотрес“ на 2 и 3 февруари во Младински културен центар, а зимското издание на „Скопје синема сити“ во Кинотека на Македонија. Тоа е ултимативната викенд понуда за претстојниот викенд.



Петмина членови на ДИК побарале апанажа

SlobodnaEvropa.mk 

Петмина досегашни членови на Државата изборна комисија побарале апанажа откако си поднесоа оставки. Меѓу нив се претседателот на Комисијата, Александар Чичаковски, Виолета Дума и Игор Милев кои беа членови од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ, како и Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ. Тоа значи дека тие ќе земаат апанажа една година бидејќи овој состав на Комисијата помина повеќе од две години, а сумата што ќе ја добиваат е колку нивната месечна плата, приближно илјада евра. Членовите на ДИК барањата за апанажа... Читать дальше...

Нимиц: Секогаш добивам добри совети од Ахмети

SlobodnaEvropa.mk 

Медијаторот на Обединетите нации за спорот за името Метју Нимиц попладнево по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека имале конструктивни разговори, потенцирајќи оти секогаш добива добри совети од Ахмети. " Разменуваме мислења за тоа како да се реши прашањето. Многу ги почитувам неговите ставови и секогаш добивам добри совети од него. Разговаравме и за тоа дека процесот напредува. Добив и уверување дека ќе игра конструктивна улога во напорите да се изнајде фер и разумно решение" изјави Нимиц по средбата. Читать дальше...

Собрание: Расправа за Законот за минерални суровини

SlobodnaEvropa.mk 

За поднесувачите и за претставниците на невладините организации од југоистокот на земјава измените на Законот за минерални суровини што се предлагаат по скратена постапка ќе придонесат за заштита на животната средина, а за претставниците на рударскиот сектор и за дел од професорската фела ќе предизвикаат огромни економски штети  поради што барат да се повлечат. Ова се заклучоци на денешната јавна расправа што ја организира собраниската Комисија за економски прашања Тие, како што кажа претседателот на Комисијата Горан Милевски од ЛДП... Читать дальше...

Средба Мицкоски-Нимиц

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со медијаторот на ООН за прашањето за името Метју Нимиц рекол дека разговорите за името треба да продолжат да се водат во рамката утврдена од Обединетите нации, почитувајќи ги документите и принципите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. На средбата, стои во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ изрази  загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат... Читать дальше...

Високиот дипломат на САД Шенон се повлекува од функцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот потсекретар за политички прашања на САД  Том Шанон, објави дека се пензионира од лични причини, објави Асошиетед прес. Шенон, кој има 60 години, рече дека ќе се пензионира штом ќе биде избран негов наследник. Шенон е врвен американски дипломат од  кариерата и речиси 35-годишен ветеран во американската надворешна служба. Тој беше најстариот службеник на одделот во Стејт департментот кој остана  на својата работа по преминот од администрацијата на претседателот Барак Обама  кон  администрцијата на претседателот Доналд Трамп. Читать дальше...



Изјавите на Димитров во фокусот на медиумите во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Грчките медиуми, во извештаите по средбата на Никола Димитров и Метју Нимиц, акцентот го ставаат на изјавите на шефот на македонската дипломатија дека сме Македонци и зборуваме македонски и дека ако се допре идентитетот, нема решение. „Бомби“, „торпедо“, „ракета“ се зборовите што грчките новинари ги користат за да ги пренесат ставовите на министерот за надворешни работи. Некои од медиумите коментираат дека станува збор за „провокативни изјави“, други дека Димитров, директно ја разјаснил позицијата на соседната земја. Читать дальше...

ОН: Хуманитарната криза во Сирија најлоша од 2015

SlobodnaEvropa.mk 

Хуманитарниот советник на Обединетите нации, Јан Егеланд, изјави дека испораките за помош на стотици илјади цивили кои се "под опсада" во Сирија е на најниско ниво од 2015 година, и дека ниту еден хуманитарен конвојот не стигнал до овие места од ноември. "Хуманитарната дипломатија се чини дека е целосно неделотворна", им рече Егеланд на новинарите во Женева по состанокот на светските и регионалните сили во хуманитарната "оперативна група" на ОН за Сирија. Советникот на ОН ја обвини сириската влада и бунтовниците за ситуацијата... Читать дальше...

Во Кабул протести пред амбасадата на Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици демонстранти се собраа пред пакистанската амбасада во Кабул, извикувајќи слогани  "Смрт за Пакистан" a беа  запалени и знамиња на земјата. Демонстрациите  се случија откако високи авганистански официјални претставници се вратија од посетата на Исламабад, каде што од  пакистанските власти бараа  да дејствуваат против милитантите во таа земја.  Во делегацијата беа вклучени шефовите на разузнавачките служби на Авганистан, Масум Станеџаи и министерот за внатрешни работи, Ваис Бармак, кој на... Читать дальше...

Средба Заев-Нимиц: Решение кое ќе го почитува националниот идентитет

SlobodnaEvropa.mk 

Процесот на разговорите продолжува и понатаму под покровителство на ОН и на амбасадорот Метју Нимиц и на идните разговори за решавање на прашањето лидерските места на преговарачките тимови ги преземаат министрите за надворешни работи, било истакнато на денешната средба меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и медијаторот на ОН Метју Нимиц, соопшти владината прес-служба. Во соопштението се вели дека Нимиц ги образложил своите идеи и размислувања за процесот на разговорите, а Заев ги претставил идеите и ставовите на македонската Влада... Читать дальше...

Ако дојде до идентитетот, нема да има решение за името

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по денешната средба со медијаторот на ОН за спорот за името Метју Нимиц во Скопје порача дека Македонија за идентитетот нема да преговара. Нимиц изјави дека за такво нешто од грчката страна не станало збор и дека е пооптимист од секогаш за решавање на спорот.

Иванов: Разликите за името да се бараат согласно меѓународното право

SlobodnaEvropa.mk 

Надминувањето на разликите околу името мора да биде во согласност со меѓународното право и меѓународно преземените обврски, истакнал македонскиот претседател Ѓорге Иванов на денешната средба со медијаторот Метју Нимиц. Иванов го поздравил интензивирањето на дијалогот потенцирајќи дека решението за разликата околу името може да биде само во рамки на ОН и со стриктно придржување во рамката во која се водат разговорите: Повелбата на ОН, резолуциите на Советот за безбедност и пресудата од Меѓународниот суд на правдата. Читать дальше...

Aлармот за задолжувањето се вклучува само кога партијата е во опозиција

SlobodnaEvropa.mk 

Владата планира јавниот долг годинава да надмине 52 проценти од БДП, а додека СДСМ беше во опозиција реагираше дека границата од 50 проценти е критична. Сега ВМРО-ДПМНЕ критикува на истиот начин.

Нимиц: Има разлики за името, но можно е решение

SlobodnaEvropa.mk 

Се создава позитивен момент што треба да се искористи, сега е вистинско време да се постигне решение и конечно регионот да тргне напред, изјави медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на заедничка прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, додавајќи дека досега не чул ништо од грчката страна што би значело порекнување на идентитетот на народот во Македонија. „Верувам дека решението кое е можно, е конзистентно. Има разлики во ставовите меѓу двете земји, но јас сум оптимист, изјави Нимиц. Читать дальше...

Убиени десетици милитанти во јужен Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистански безбедносен претставник соопшти дека 83 талибански борци се доцна синоќа се убиени за време на операција на разузнавачките сили во јужната провинција Кандахар. Шефот на воените операции во областа Маиванд, Силтан Мохамад за РСЕ денеска изјави дека десетици возила на милитантите исто така биле уништени во операцијата, за која рече дека била поддржана од воздушни напади. „Групата бунтовници беа собрани да започнат координиран напад врз авганистанските сили во областите Панџаи и Маиванд во Кандахар“, рече Мохамад. Читать дальше...

Нимиц на средба со Заев во Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц е на средба во Владата со премиеот Зоран Заев. Претходно тој разговараше со претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“, а попладне ќе има средби со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети. Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје Нимиц ќе даде по средбата со шефот на дипломатијата Димитров, соопшти МНР.

Спортскиот арбитражен суд поништи доживотни забрани за 39 руски спортисти

SlobodnaEvropa.mk 

Спортскиот арбитражен суд ги поништи доживотните забрани за 39 руски спортисти обвинети за користење на допинг. Судот денеска донесе одлука има „недоволни“ докази дека 28 спортисти ги прекршиле анти-допинг правилата на Зимските олимписки игри во 2014 година во Сочи. „Во однос на овие 28 спортисти, жалбите се потврдени, санкциите се укинати и повторно се воспоставени нивните индивидуални резултати постигнати во Сочи 2014 година“, се вели во соопштението на Судот. Овие 28 спортисти сега можат да... Читать дальше...


Музыкальные новости
Шапка

Шапки женские на Wildberries — скидки от 398 руб. (на новые оттенки)





Rss.plus
Динамо

Футболисты ФК «Динамо Пушкино» заняли второе место в межрегиональном турнире Laffy Cup 2024




Магаданский художник Константин Кузьминых получил звание "Народный художник Российской Федерации"

Риск заражения гепатитом С при контакте с больным – ...

Депутат КПРФ Александр Наумов встретился с руководством Федерации шахмат Подмосковья

Компания “СиСорт” разработала фотосепаратор для сортировки кофе




Убиен осомничен милитант во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Руските власти соопштија дека е убиен осомничен исламски милитант, за кој било сугерирано дека е можно да планирал напад на денот на претседателските избори следниот месец. Федералната служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека сили за безбедност го убиле човекот кога тој почнал да дава вооружен отпор на обидот да биде уапсен во градот Нижњи Новгород на реката Волга. Осомничениот бил од неименувана поранешна советска земја и бил член на милитантната група Исламска држава (ИД), се вели во соопштението. Читать дальше...

Што треба да се промени во средните училишта?

SlobodnaEvropa.mk 

Помалку администрација и поголема слобода и плати, бараат наставниците. Учениците пак, очекуваат и законски измени за унапредување на ученичкото организирање и учество во процесот на носење одлуки во средните училишта.

Средба Иванов-Нимиц во вилата „Водно“

SlobodnaEvropa.mk 

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц претпладнево ја почна серијата разговори со македонскиот државен врв на средба со претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“. По разговорите со Иванов тој ќе има одделни средби со премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицковски и Али Ахмети. Нимиц, официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје ќе даде по средбата со Димитров, се вели во најавите на МНР. Читать дальше...

„Олимпијада“ за руските спортисти на кои им е забрането учество на ЗОИ

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин нареди владата да организира спортски натпревари за руските спортисти на кои им е забранет настап на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг поради допинг-скандалот, соопшти неговиот портпарол Дмитриј Песков. Тој додаде дека натпреварувачите ќе добијат компензации исти како што вообичаено Москва ги наградува олимпијците кои добиле медали. Меѓународниот олимписки комитет им забрани на руските натпреварувачи настап на ЗОИ по наоди од допинг тестови. МОК официјално им... Читать дальше...

Курти: Тачи го укинува Специјалниот суд за да се спаси себе си

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на опозициското движење „Самоопределување“, Албин Курти изјави дека иницијативата на пратениците за укинување на Специјалниот суд има за цел косовскиот претседател Хашим Тачи да се отстрани од евентуалната листа обвинети. „На Косово многу политичари треба да бидат обвинети како криминалци за тоа што му го направија на нашиот народ, но не и како воени злосторници“, рече Курти. Истовремено, шефот на пратеничката група на тоа движење Глаук Коњуфца ги обвини косовските лидери - претседателот Хашим Тачи... Читать дальше...

Руското економско влијание во Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Руските инвестиции на Балканот се во подем и карактеристично за овој капитал е што е од „валканo“ потекло, а целите не се економски развој туку геопoлитички конфликт и оддалечување на регионот од западната орбита, се вели во најновиот извештај на софискиот Центар за изучување на демократија. Во организација на американскиот Хелсиншски комитет, Центарот за изучување на демократија на Капитол хил го промовираше извештајот насловен „Оценка на руското економско влијание во Западен Балкан: Осознавање... Читать дальше...



Москва

Свыше 600 навалов мусора устранили в Подмосковье за неделю


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал о Международном форуме инноваций БРИКС



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Наталья Сергунина

Сергунина: в Москве появилась собственная платформа по разработке моделей ИИ




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Олимпийский чемпион Роман Костомаров поздравил победителей номинации «Экскурсия без границ» программы «Лига Экскурсоводов»

Сотрудница ОМОН "Оплот" приняла участие в костромском забеге «Галичское Заозерье»

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников


ATP

Теннисист Медведев потеряет место в рейтинге ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Мир

Сотрудники отеля Yalta Intourist поздравили ветеранов с Днём Великой Победы



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России