Протест против аерозагадувањето во Приштина
Во косовскиот главен град Приштина денеска се одржаа протести против големото загадување на воздухот, на кои учествуваа претстатавници на политичките партии како и поголем број граѓани.
Демонстрантите носеа маски на лицата и бараа да се преземат мерки против рекордното загадување. Градските власти го ограничија движењето на сите приватни автомобили во градскот центар од шест до 22 часот, а автобусите се бесплатни за граѓаните.