Вучиќ прифати да ја посети Хрватска
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја прифати поканата од хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во средината на февруари да го посети Загреб.
„Тие разговори нема да бидат ниту лесни, ниту пријатни, ќе бидат многу корисни за нашите граѓани, и за Србите и за Хрватите, изјави Вучиќ на прес-конференција по разговорите со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани.
Вучиќ рече дека за Србија е „многу важна“ поканата од Загреб и најави дека ќе разговара со сите хрватски официјални претставници и со претставници на српската заедница.
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ вчера го покани српскиот претседател во посета на Загреб во средината на февруари, оценувајќи дека е „созреано времето“ за средба.
Тајани рече дека Србија има одговорност да работи на стабилност на Балканот.