Нимиц на средба со Заев во Влада
Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц е на средба во Владата со премиеот Зоран Заев. Претходно тој разговараше со претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“, а попладне ќе има средби со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје Нимиц ќе даде по средбата со шефот на дипломатијата Димитров, соопшти МНР.