Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2018

Новости за 17.02.2018

Столтенберг: Мал напредок за мировната мисија во источна Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер изјави денеска дека е остварен мал наредок во разговорите за мировна мисија на ОН во источна Украина. Тој го даде коментарот по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на безбедносната конференција во Минхен. „Останува да видиме дали тоа ќе биде можно“, рече Столтенберг на предлогот да се распоредат мировни набљудувачи на ОН со цел да се ставки крај на борбите меѓу проруските бунтовници и владините сили во источна Украина.

Турција очекува победа во офанзивата во северозападна Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека операцијата во северозападна Сирија против курдските Сили за заштита на народот (СЗН) се приближува кон „победа" со секој нареден ден. Анкара смета дека курдските сили се поврзани со Курдската работничка партија, која се смета за терористичка организација во САД, ЕУ и Турција. Ердоган истакна дека целта на операцијата е безбедно да се вратат дома над три милиони сириски бегалци, кои сега се наоѓаат во Турција. Офанзивата на турските вооружени... Читать дальше...

За Ахмети законот за јазиците е усвоен

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави денеска дека што се однесува до него законот за јазици е усвоен. Тој, како што јавува Макфакс, посочил дека само прашање на време е неговата конечност. „Сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена“, рече Ахмети на свечена академија по повод 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово што се одржа во Скопје во организација на ДУИ.



Иран и Индија ќе соработуваат за стабилност на Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Иран и Индија ветија дека ќе ја зголемат соработката со цел да го вратат мирот и стабилноста во Авганистан. Индискиот премиер Нарендра Моди ја соопшти одлуката по средбата со иранскиот претседател Хасан Рохани во Њу Делхи. Моди изјави дека двете земји имаат за цел да ги подобрат енергетските и регионалните транспортни врски преку кои ќе се стига до Авганистан и Централна Азија со развој на иранското пристанипте Чабахар. Рохани истакна дека Иран и Индија се подготвени за заеднички вложувања во секоторот за гас и нафта. Читать дальше...

Лавров ги нарече апсурдни обвинувањата на САД за изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека тој нема коментар за обвинувањата на САД за наводното руско мешање во претседателските избори во земјата. Тој на безбедносната конференција во Минхен, обвинувањата ги нарече апсурдни и посочи дека Москва се уште не ги видела фактите за случајот. Големата порота на САД вчера обвини 13 Руси и руски компании, вклучувајќи ја и т.н. "Руска фабрика за тролови", за мешање во американските избори и за уште неколку други слични дела.

За Дачиќ арогантно е барањето Србија да го признае Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека заедничката позиција на ЕУ не наложува Србија да мора да го признае Косово. Според него, арогантно, неприфатливо и контрапродуктивно е тоа да се бара од Србија. Српските медиуми претходно јавија дека шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел во Приштина изјави дека Србија треба да ја прифати независноста на Косово за да стане членка на ЕУ.

Јункер: Западен Балкан да ги реши споровите пред да влезе во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска истакна дека многу е важно на државите од Западен Балкан да им се понуди перспектива за членство во ЕУ. Но, според него, тие претходно мора да ги решат сите гранични спорови. Јункер на годишната безбедносна конференција во Минхен порача дека е фрустриран од тековниот пограничен спор меѓу Хрватска и Словенија, кој не бил решен пред земјите да се приклучат на ЕУ и истакна дека поради тоа мора да се спречи таков случај со други потенцијални земји-членки.

Меј ја отфрли можноста од втор референдум за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Тереза Меј ја отфрли можноста за второ гласање за членството на земјата во ЕУ. Меј на конференцијата за безбедност во Минхен порача дека нема враќање назад по резултатите на референдумот во јуни, 2016 година. „Ние ја напуштаме ЕУ и нема шанси за спроведување на втор референдум или враќање назад и јас мислам дека тоа е важно“, рече Меј. Брегзит и идниот однос на Британија со нејзините европски партнери се очекува да биде на врвот на агендата на денешниот втор ден од конференцијата во баварскиот град.



Димитров: Подготвени сме за име со географска одредница

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за бугарската телевизија БНТ1 изјави дека Македонија и Бугарија не може да ја сменат историјата, но можат заеднички да работат за подобра иднина. „Време е да и покажеме на Европа дека можеме да ги решаваме проблемите како Европејци, да ги отвориме вратите и да станеме поблиски“, порача тој. Во врска со спорот со Грција за името напомена дека Македонија прави се што е во нејзина моќ за да се постигне решение. Според него, има две цели во процесот на барање на решение. Читать дальше...

Кадиров го нарече Путин супер херој

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров изрази надеж дека рускиот претседател Владимир Путин ќе остане на функцијата до крајот на неговиот живот. Кадиров кој ја има поддршката од Русија често упатува пофалби кон Путин и се нарекува негов војник. Неговиот коментар доаѓа пред претседателските избори во Русија закажани за наредниот месец на кои се очекува Путин да освои нов мандат на функцијата. Кадиров го наече Путин и суперхерој и ги обвини неговите противници дека прават политички интигри.

Тилерсон со честитки за независноста на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во име на САД, упати честитки до Косово по повод 10-годишнината од прогласување независност. „Во деценијата независност, Косово покажа одлучност во созревањето во постабилна, подемократска и поинклузивна земја. САД продолжуваат да ги поддржуваат граѓаните на Косово додека работат на јакнење на демократските и мултиетнички институции, зголемување на економскиот раст и унапредување на владеењето на правото на патот кон целосна интеграција во меѓународната заедница“, наведе Тилерсон.

Габриел: Сите опции за источна Украина да се земат в предвид

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјави дека воспоставувањето на мировна мисија на ОН во источна Украина би можело чекор по чекор да го олесни отстранувањето на санкциите врз Русија. Габриел го даде коментарот за време на говорот на отворањето на вториот ден од безбедносната конференција во Минхен. Според него, сите опции треба да бидат земени в предвид со цел да се стави крај на борбите меѓу проруските сепаратисти и украинскте владини сили во источна Украина.

Коѕијас на крајот на февруари ќе ја достави стратегијата за името

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за грчката телевизија Алфа изјави дека за решение за спорот за името треба да се најде географска или територијална придавка. Негова желба, како што истакна, е името да биде непреведно, на словенски јазик, а таков пример се Нова Македонија, Вардар Македонија и Горна Македонија. Доколку тој би бил кум на земјата, посочува, немало да сака да биде вклучено името Македонија. Но, додава дека „за жал веќе 25 години, Грција официјално користи сложено име за соседната земја“. Читать дальше...

Сончево со мала до умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот ќе биде потопло, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено на планините. Утринската температура ќе се движи од минус два до нулата, а дневната од осум до 16 степени.  Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската темепратура ќе достигне до минус четири степени, а дневната до девет степени.

Ако не може ЕУ кај нас, тогаш ние во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Ако земјата сериозно не се придвижи кон подобрување на состојбите на ниво на европска држава, младите луѓе неминовно ќе бидат жители на ЕУ, само тоа можеби ќе го направат преку иселување.



Москва

Konica Minolta Business Solutions Russia и Facemetric предложат заказчикам решения на базе технологий компьютерного зрения


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Столичный мэр реорганизовал управы в ТиНАО



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Булат Окуджава

Стало известно об отмене выступления Урганта на вечере памяти Окуджавы




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков

Звезды спорта. Кто они такие и почему их так называют?

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»


Уимблдон

Медведев рассказал, как ударился головой перед матчем с Уиллисом на Уимблдоне в 2016 году



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России