Ако дојде до идентитетот, нема да има решение за името
Министерот за надворешни работи Никола Димитров по денешната средба со медијаторот на ОН за спорот за името Метју Нимиц во Скопје порача дека Македонија за идентитетот нема да преговара. Нимиц изјави дека за такво нешто од грчката страна не станало збор и дека е пооптимист од секогаш за решавање на спорот.