Два послаби земјотреси во Македонија
![Два послаби земјотреси во Македонија](https://gdb.rferl.org/2A3A9FEC-A36F-4ED6-B934-E7165F24B90D_cx0_cy19_cw0_w800_h450.jpg)
Во Македонија денеска се регистрирани два земјотреси, еден во Скопје и уште еден во охридското епицентрално подрачје, соопшти сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Земјотресот во Скопје со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 08:03 часот со епицентар на неколку километри источно од централното градско подрачје. Земјотресот во Охрид со Рихтерова магнитуда од 2,1 степени е регистриран во 02:26 часот со епицентар на 10 километри источно од Охрид.