Камбовски предлага Врховниот суд да биде на врвот на судската власт
![Камбовски предлага Врховниот суд да биде на врвот на судската власт](https://gdb.rferl.org/40E5CBF6-B628-45AE-91A3-8621E4BFDF7C_w800_h450.jpg)
Врховниот суд којшто ја има уставната позиција на врв на судската власт, е ставен во второстепена позиција, оцени академик Владо Камбовски на денешната дебата за измени во законите за судови и за судски совет. Тој предлага враќање на позицијата на Врховниот суд како врв на судската власт и реафирмација на улогата на судството.
„Повеќепати сме расправале за тоа кој е врв на судската власт. Одговорот изречно или премолчено беше дека тоа е Судскиот совет што е апсолутно несообразно со уставната концепција, според која Судскиот совет е само орган кој ја гарантира таквата позиција на Врховниот суд, а не го суптитуира Врховниот суд, рече академик Камбовски.
Тој смета дека треба да се вметне и формулација со која управните органи ќе бидат должни да постапуваат по одлуките и препораките на судовите.