Воспитувачка тепала дете во градинка во Аеродром
Скопјанка во Полициската станица Аеродром вчера пријавила дека кога дошла да го земе нејзиниот шестгодишен син од градинка забележала дека на десниот образ има оток. Детето кажало дека неговата воспитувачка го удрила неколку пати по десниот образ.
Мајката за настанот веднаш го известила директорот на градинката, кој и рекол случајот да го пријави во полиција.
Жената од градинката го однела детето на лекарски преглед каде се констатирани повреди во вид на оток,соопшти МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.