Се трага по двајца македонски планинари на Ниџе
На двајца планинари, едно машко и едно женско лице, кои биле дел од група планинари од Македонија, им се губи трагaтa на планината Ниџе, били пријавено ноќеска во Секторот за внатрешни работи Битола.
Настанот го пријавиле останатите членови на групата.
Според нивното кажување, по кратко време откако тргнале да се искачуваат на планината од страна на Република Грција, двајца членови се изгубиле, соопшти МВР.
За настанот биле известени и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и грчките погранични служби.
Набргу потоа, телефоните на двајцата планинари се лоцирани на 100 метри во територијата на Република Македонија. Засега не е познато во каква состојба се планинарите.