Руски патнички авион исчезна од радарите кај Москва, веројатно паднал
Руски патнички авион со 71 патници исчезна од екраните на радарите кусо по полетувањето од московскиот аеродром, објавија руските медиуми. Авионот Антонов Ан-148 на компанијата Саратов ерлајнс летал од аеродромот Домодедово кај Москва до Орск на Урал, објави Интерфакс. Извор од службите за итна помош изјавил дека авионот се урнал во близина на селото Аргуново и оти „патниците и екипажот немале шанса да преживеат“. Во авионот имало 65 патници и шест членови на екипажот.