Убиен украински војник на истокот на земјата
Министерството за одбрана на Украина соопшти дека еден од нејзините војници е убиен и двајца се ранети во судири во источниот дел на земјата. Од Министерството денска наведоа дека сепаратистите поддржани од Русија 11 пати го прекршиле прекинот на огнот во последните 24 часа пукајќи со митралези, ракетни гранати и минофрлачи.
Во меѓувреме сепаратистите тврдат дека силите на украинската Влада девет пати го прекршиле прекинот на огнот употребувајќи исти тип на оружје.
Од април 2014 година повеќе од 10.300 луѓе се убиени во судирите меѓу силите на Киев и сепаратистите кои контролираат делови на областите Доњецк и Луганск.