Намален бројот на цивилни жртви во војната во Авганистан
![Намален бројот на цивилни жртви во војната во Авганистан](https://gdb.rferl.org/D976307E-E5E6-45C1-9782-20B3BEE2EC7A_cx0_cy19_cw0_w800_h450.jpg)
Бројот на жртвите во војната во војната во Авганистан е намален за 9 отсто минатата година, соопштија Обединетите Нации во годишниот извештај објавен од Мисијата за помош на ОН во Авганистан и Канцеларијата за човекови права. Според податоците 10.453 цивили биле убиени или повредени во 2017 година.
Шефот на Мисијата Тадамичи Јамамото изјави дека особено е згрозен од континуираното користење на самоубиствени бомбашки напади во населени места.
Друга причина за цивилни жртви е ангажирање на терен меѓу антивладините и провладините сили, иако има намалување од 19 отсто во однос на нивото во 2016 година.