Тачи: Вистината за убиството на Оливер Ивановиќ некого ќе заболи
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека ќе бидат откриени убијците на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ и дека вистината некого ќе го здоболи. Во интервју за телевизијата Н1, тој рече дека мотивите за убиството се од криминална природа. „Истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ продолжува. Досега нема индикации кои би укажале на етнички мотивиран случај, но првите информации укажуваат на криминални, мафијашки мотиви. Ќе соработуваме со српските власти за да добиеме адекватни информации“, рече Тачи.