Лавров денеска во Словенија, утре во Србија
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска почнува кратка балканска турнеја во текот на која ќе ги посети Словенија и Србија. Тој во Љубљана ќе потпише меморандум за основање Меѓународен центар за Втората светска војна во Марибор што ќе го финансира Русија за зачувување на сеќавањето на заедничката борба на народите на Русија и Словенија против фашизмот. Лавров утре и задутре во Белград ќе разговара, меѓу другите со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Лавров во интервју за агенцијата Бета изјави дека Москва не се противи на приближувањето на Србија и на земјите од регионот кон ЕУ, но оти изборот пред кој Брисел ги става земјите кандидати, или Русија или Запад, била многу погрешна политика.