Познат идентитетот на напаѓачот на амбасадата на САД во Подгорица
Полициски претставници под услови на анонимност за Радио Слободна Европа изјавија дека напаѓачот на зградата на американската амбасада во Подгорица бил идентификуван како Далибор Јауковиќ – 43-годишен кој бил роден во Србија, а живеел во главниот град на Црна Гора.
Црногорскиот дневен весник „Вијести“ исто така извести дека напаѓачот е Јауковиќ и објави фотографија, очигледно од неговата страница на Фејсбук, на која е прикажана награда која ја добил во југословенската Армија во 1999 година потпишана од поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ. Сепак нема официјална потврда за неговото воено минато или добиените награди.
Претходно, Владата на Црна Гора соопшти дека непознато лице фрлило рачна граната во зградата на американската амбасада во Подгорица, Црна Гора, пред да се разнесе.