Средба Заев-Јазбец: Словенија ќе го помага домашниот локален развој
![Средба Заев-Јазбец: Словенија ќе го помага домашниот локален развој](https://gdb.rferl.org/CB4B2C3C-3107-44E3-B6CB-0AFF855BB0E3_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец на денешна средба се договорија Словенија да го помага домашниот локален развој во Македонија, преку грантови и инвестиции во проекти за питка вода и за отпадни води, информира владината прес-служба.
На средбата Јазбец му честитал на Заев за ефектите од засилената дипломатска активност која, како што се наведува, ги отвора перспективите на државата кон ЕУ и НАТО и за економски развој.
На средбата било разговарано и за политичката клима во свете држави и за претстојната официјална посета на словенечкиот премиер Миро Церар на Република Македонија.