Турција ги повика Русија и Иран да ја запрат сириската офанзива
Турција се приклучи на меѓународните повици кон Русија и Иран да ги запрат сириските владини сили од спроведувањето на воена операција во енклавата источна Гута која е под контрола на бунтовниците и каде според извештаите убиени се повеќе од 400 цивили од 18 февруари.
Повикот на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу доаѓа на часови пред денешното гласање во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата подготвена од Западот со која се бара 30-дневно примирје во Гута.
Чавушоглу денеска рече дека „Русија и Иран мора да го сопрат режимот.“ Тој исто така рече дека бомбардирањето на источна Гута и владината офанзива против позициите на бунтовниците во провинцијата Идлиб е „спротивно“ на договорите од Астана за кои преговараа дипломатите од Анкара, Москва и Техеран.
Претходно, САД ја критикуваше Русија за бомбардирањето на источна Гута, велејќи дека Москва „единствена одговорност“ за смртта на стотици цивили во текот на минатата недела.