САД - Соработката со Русија во Сирија станува голем предизвик
Соработката на Вашингтов со Москва во Сирија станува голем предизвик, поради отпорот на Русија кон повикот на западните сили да се стави 30-дневен прекин на војната, изјави денеска американскиот заменик државен секретар Џон Саливан пред новинарите во Брисел.
„Ние работевме напорно за одржување на односите и дијалогот со Русија за оние прашања и области каде што можеме да соработуваме заеднички кон заедничка цел. Сирија е една од нив. Но како што продолжува кампањата против милитантите на Исламската држава, така стана потешко да работиме со Русите“, рече Саливен.
Неговите коментари доаѓаат пред гласањето во Советот за безбедност на Обединетите нации за резолуција со која се бара 30-дневен прекин на огнот низ Сирија, за да се овозможи испорака на хуманитарна помош и евакуација на болните и повредените цивили.
Лидерите на Франција и на Германија го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да го поддржи примирјето, но Москва се спротивстави, велејќи дека сака „гаранции“ дека ќе бидат почитувани од бунтовничките борци поддржани од САД.
Гласањето беше закажано за почетокот на 23-ти февруари, но двапати беше одложено, затоа што западните дипломати преговараат за да избегнат руско вето.