Јункер утре во посета на Македонија
Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, во придружба на високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓаат во посета на Македонија како дел од нивната турнеја на земјите од Западен Балкан со цел промоција на новата стратегија на ЕУ за проширување.
Македонија е прва земја од оваа серија посети, а претседателот на ЕК Јункер ќе има средба со премиерот Зоран Заев, по што делегацијата на Владата на Македонија ќе одржи пленарна средба со делегацијата на ЕУ. Неколку часовната посета на делегацијата на ЕУ на Македонија треба да заврши со зедничка пресс конференција на Јункер и Заев.
Ова се случува по објавувањето на најновата стратегија на ЕК за проширување кон Западен Балкан презентирана на 6 февраури во Стразбур. Во неа приемот за Црна Гора и Србија во ЕУ се предвидува до крајот на 2025 година, со тоа што пристапните преговори би завршиле во 2023 година.
Македонија и Албанија се очекува да ги почнат преговорите во 2019 година, но во неа Комисијата порачува дека нема да увезува билатералните спорови.