Шеќеринска: За членство во НАТО потребно е решение за името
![Шеќеринска: За членство во НАТО потребно е решение за името](https://gdb.rferl.org/57176343-14D7-4950-9250-8E7CEB27B067_w800_h450.jpg)
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска по потпишувањето меморандум за соработка со Факултетот за безбедност во домот на АРМ изјави дека Македонија работи на внатрешната безбедност и на членството во НАТО. Според неа, Македонија не треба да се надева на датум за отпочнување на преговори со ЕУ, но очекува извештајот на Европската комисија во април и заклучокот на земјите-членки на НАТО да покаже дека Македонија ги совладала предизвиците.
„Нашата цел како Влада беше да ги тргнеме сите резерви околу тоа дали Македонија заслужува членство во НАТО и ЕУ. Јас сум убедена дека тоа ќе го постигнеме“, изјави Шекеринска.
За Македонија да ја добие поканата за НАТО во јуни, како што наведува Шеќеринска, потребно е решение за спорот за името што зависи и од Грција. Според неа, ако не постои волја за решение, тогаш решение нема да има.