Ослободен сириски курдски лидер и покрај противењето на Турција
Чешките власти го ослободија истакнатиот припадник на сириската курдска заедница Салих Муслим кој беше притворен во Прага за време на изминатиот викенд. Прашкиот суд донесе одлука дека Муслим, кој е поранешен копретседател на Демократската партија за единство треба да биде ослободен и покрај барањето на Турција за негова екстрадиција.
Негови поддржувачи се собраа пред судот барајќи ослободување на Муслим, кој беше притворен на 24 февруари врз основа на известувањето до Интерпол од страна на Турција.