САД и порачаа на Русија дека греши за Сирија
Американскиот амбасадор за вооружување Роберт Вуд за време на конференцијата на ОН во Женева изјави дека Русија ги прекршила своите обврски како гарант за уништување на хемиското оружје во Сирија и не успеала да ја спречи неговата употреба од страна на владата на претседателот Башар ал Асад.
Русија е на погрешната страна од историјата во однос на употребата на хемиско оружје порача тој по новите извештаи дека сириските сили го употребиле гасот хлорин врз цивили во Сирија.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека неговата земја ќе продолжи да и помага на владата на сирискиот претседател Башар ал Асад со цел да ја порази, како што ја нарече терористичката закана.