За Вучиќ договорот со Косово е неопходен
Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТС изјави дека неопходно е земјата да постигне договор со Приштина со цел да продолжи напред кон ЕУ и да има повеќе инвестиции, нови фабрики, повеќе работни места и подобар стандард. Зборувајќи за Косово, тој целата состојба ја спореди со партија шах.
„Играме без дама и топ и се обидуваме кралот да го втераме в ќош и да обезбедиме реми“, нагласи Вучиќ.
На прашањето дали Србија ја очекуваат санкции ако не биде постигнат договор со Приштина, Вучиќ одговори дека земјата ќе се најде во ќор-сокак на европскиот пат, како Турција и Македонија.