Одложено судењето за „Тортура“, СЈО го бара и Мијалков
![Одложено судењето за „Тортура“, СЈО го бара и Мијалков](https://gdb.rferl.org/5B5BF3A2-1AC7-462E-9C13-781136E7C5FB_w800_h450.jpg)
Судијката Моника Бахчовановска, сопруга на поранешниот висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Бахчовановски, која го ценела обвинителниот акт, претходно одлучи дека нема основа за сомнение дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков бил поттикнувач на тортурата и оти пред суд треба да бидат изведени само полицајците што го го апселе Љубе Бошкоски. СЈО поднесе жалба на ваквата одлука и сега се чека одлука на Апелациониот суд.