Косово- годинава ќе се формира војската и ќе се укинат визите
Арифи на својот профил на Фејсбук напиша и дека годинава Косово ќе стане членка на Интерпол и дека ќе се корегира границата со Црна Гора.
"Годинава граѓаните на Косово ќе патуваат без визи во ЕУ; Годинава Косово ќе ја формира својата војска; Годинава Косово ќе стане најновата членка на Интерпол; Годинава ќе се корегира границата со Црна Гора; Оваа и идните години се години на Косово. Нема да се запре Косово на патот на развојот и прогресот", порача Арифи.
