Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2018

Новости за 22.06.2018

Протести пред Собрание против промена на името

SlobodnaEvropa.mk 

Пред македонското Собрание и вечерва се одржаа протести на неколку стотина граѓани против промена на името на земјата. Демонстрантите бараат оставка од Владата. Тие го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да не го потпишува законот за ратификација на договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Делегација на САД во посета на Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Висока американска делегација наскоро ќе ја посети Москва и Санкт Петерсбург, потврдија сенаторите Џон Кенеди од Луизијана и Ричард Шелби од Алабама. Посетата е дел од патувањето организирано од страна на американскиот амбасадор во Русија, Џон Хантсман. Според Шелби, во план се средби на високо ниво. Кенеди изјави дека се надева оти ќе се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин и дека со властите ќе разговараат за заеднички интереси и проблеми.

Неделен печат – Деловна клима и спорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Неделникот Капитал пишува за роковите за плаќање меѓу фирмите, додека Фокус го анализира однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на Договорот за името.



Германската амбасада со честитки за ратификацијата на договорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Германската Амбасада во Скопје денеска преку соопштение упати честитки на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето на договорот за името и за неговата ратификација во македонското Собрание. „Договорот за ова долгогодишно прашање е значајно постигнување, кое немаше да биде можно без лидерството, посветеноста и политичката храброст од страна на двајцата премиери и на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас поддржани од специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц“, стои во соопштението. Читать дальше...

Меркел не очекува пробив во миграционата политика на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел не очекува голем пробив во разговорите меѓу лидерите на ЕУ околу спорот за миграционата политика. Плановите за итниот состанок пред самитот на ЕУ беа нарушени кога новоиот италијански премиер дека нацрт-договорот за миграција бил повлечен поради судирот со Меркел. Таа е под притисок да ги натера лидерите на ЕУ на главниот самит на 28-29 јуни да се согласат подеднакво да ги поделат мигрантите со цел да ги смири конзервативните партии кои се дел од нејзината владејачка коалиција.

Британската Влада ја поздрави ратификацијата на договорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Обединетото Кралство упатува честитки до премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето на договорот за името кој беше потпишан на 17 јуни, како и за неговата ратификација во македонското Собрание, соопштуваат од британската амбасада во земјата. Британија, како што посочуваат од амбасадата, смета дека решавањето на прашањето за името ќе го отвори евро-атлантскиот пат, вклучително и преговори за членство во ЕУ и НАТО. Ќе се отворат, се додава, и значајни... Читать дальше...

Путин и Мун се согласиле за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Русија и на Јужна Кореја, Владимир Путин и Мун Џае Ин се согласиле да ги зголемат напорите за комплетна денуклеаризација на Корејскиот полуостров и воспоставување на траен мир и стабилност. Според нив, неодамнешниот дијалог меѓу САД и Северна Кореја ќе помогне во намалувањето на тензиите. Путин изјави дека се согласил со Џае Ин дека ситуацијата во регионот се подобрила во последно време. Џае Ин од вчера е во посета на Москва и за прв пат еден лидер на Јужна Кореја од 1999 година е во земјата.

Мичел: Во интерес на САД и Европа е реформиран Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Помошникот американски државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел изјави дека заеднички интерес на САД и Европа е реформиран Балкан на патот кон Европската унија. Според него, тие посакуваат и Европа да биде слободна од енергетски уцени на Русија. Во говорот во седиштето на фондацијата Карнеги за Европа во Брисел, Мичел посака светот да остане слободен, територијалниот интегритет на Европа да биде заштитен, а Русија да одговара за „инвазијата врз Украина“. Тој додаде дека дипломати... Читать дальше...



Грција во понеделник ќе ги достави писмата до ЕУ и НАТО за членство на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас денеска изјави дека во недела ќе ги потпише, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО дека неговата земја нема да се противи за евроатлантската интеграција на Македонија. Тој по конференцијата за стабилност и безбедност на Родос потврди дека ја добил нотата од македонското МНР дека договорот за името бил ратификуван, а во понеделник Грција ќе го исполни нејзиниот дел од обврските. Според него, за да има напредок „потребен... Читать дальше...

Талибанците продолжуваат со офанзивата во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Во серија на бомбашки напади од страна на талибанците во Авганистан загинале 18 припадници на безбедносните сили и двајца цивили. Нападите се случиле во контролни пунктови во покраините Бадхис и Кандахар. За време на вториот напад во Кандахар четворица полицајци загинале додека се обидувале да ослободат 33 градежни работници кои биле заложници на талибанците. Нападите се дел од поголема офанзива на милитантите која започна пред два дена и при која загинаа 87 лица.

И Германија препорача ЕУ да почне преговори со Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Германската Влада препорача отворање преговори со Македонија за членство во ЕУ. Во писмо упатено до Бундестагот, а кое го пренесе „Дојче веле“, германската Влада оценува дека реформскиот биланс на македонската Влада говори во корист на почеток на преговори за членство во ЕУ на претстојниот Самит на Унијата следната недела. „Одобрувањето (одредувањето датум за почеток на преговори) ќе биде вистинскиот позитивен сигнал за македонската Влада, која фокусирано го следи реформскиот курс наспроти политичкиот притисок од внатре и однадвор. Читать дальше...

Откриени четири стебла марихуана во јапонскиот Парламент

SlobodnaEvropa.mk 

Во зградата на јапонскиот Парламент во Токио биле пронајдени четири стебла марихуана, објави Би-би-си. Не е познато како тие се нашле во собраниската зграда, а според неофицијални информации, стеблата, кои биле стари околу два месеца, ги забележал посетител кој му пријавил на обезбедувањето. Според претставници од јапонскиот парламент, семето од канабис, нејверојатно, го донел ветер или било испуштено од птици. Случајот бил пријавен и во јапонската влада, која веднаш испратила двајца инспектори на терен.

Европската комисија препорача преговори со Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Европската комисија соопшти дека во овогодишните извештаи за Македонија и за Албанија се препорачува почнување преговори за членство во Европската унија. „Ние ја завршивме нашата работа. Одлуката сега е во рацете на Советот на ЕУ“, изјави портпаролот на Комисијата. Во вторник следната недела е предвидено Советот на ЕУ да го разгледа ова прашање на седница во Луксембург и да одлучи со кого ќе почне нови преговори.

Столтенберг: Очекувам покана за Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, очекува Македонија да добие покана на претстојниот Самит на НАТО. „Она што може да се очекува е дека на Самитот НАТО ќе ја покани поранешната југословенска Република Македонија да ги започне пристапните преговори за членство во Алијансата, а потоа, кога договорот меѓу Скопје и Атина ќе биде финализиран со референдум, ќе може да ја покани земјата да биде и целосна членка на НАТО“, изјави Столтенберг за Слободна Европа. Првиот човек на Алијансата... Читать дальше...

СДСМ: Што крие претседателот Иванов?

SlobodnaEvropa.mk 

Што крие претседателот Ѓорѓе Иванов е прашањето што се наметнува по одбивањето на претседателот на државата да прикаже како ги трошел државните пари преку Алатката за отчетност, изјавија денеска од СДСМ, откако од Кабинетот на претседателот се изјаснија дека не ја прифаќаат Алатката за отчетност бидејќи не се обврзани со закон и бидејќи има други законски средства кои покажале дека претседателот чесно и транспарентно ги троши службените средства. „Целокупното делување на Ѓорге Иванов е во спротивност на интересите на граѓаните и државата. Читать дальше...

Власта и опозицијата на иста линија, референдумот мора да е задолжителен

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека референдумот за промената на името е исклучително важно прашање и дека за тој процес мора и власта и опозицијата да бидат усогласени. „Се согласувам со опозицијата дека референдумот треба да биде задолжителен, а заедно треба да утврдиме дали ќе биде консултативен или обврзувачки. Зборувам за задолжителен референдум ако сите 50 отсто плус еден граѓанин излезат и го поддржат референдумот“, изјави Заев на одбележувањето на почетокот на градбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка.

Поддршка од Меркел за Договорот со Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев прими писмо со честитки од германската канцеларка Ангела Меркел, во кое таа ја изразува својата радост за постигнатиот договор за македонско-грчкиот спор за името, соопшти владината прес-служба.  „Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи“, се вели писмото од Меркел до Заев.

И приватните лекари бараат „Мој термин“

SlobodnaEvropa.mk 

Еднаков третман при инвестирање, уредување, опремување и едукација на здравствениот кадар во јавните и приватните здравствени установи кои се дел од здравствената мрежа и имаат склучени договори со ФЗОМ, можност за вклучување на приватни здравствени установи кои немаат договор со ФЗОМ во економските програми за финансиска поддршка, како и понепосредна и подинамична имплементација на проектот „Учиме од бизнис заедницата“. Ова се дел од мерките и барањата кои денеска на прес-конференција ги презентираше д-р Борислав Јосифовски... Читать дальше...

Ќе има судење за настаните во Собранието на 27 април

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на 27 април минатата година е прифатен, соопшти Кривичниот суд. „Откако ќе биде формиран кривичен предмет по обвинителниот акт и согласно АКМИС системот распределен на понатамошно постапување, ќе биде закажан термин за главна расправа“, се вели во соопштението на Кривичниот суд. Јавното обвинителство на 27 март годинава поднесе обвинение против 30 лица во врска со т.н. крвав четврток, меѓу кои и петмина пратеници и... Читать дальше...


Музыкальные новости
Булат Окуджава

«Писать грустные песни — само по себе было протестом» // Как Булат Окуджава сделал голос частного человека общественным явлением





Rss.plus
Владимир Потанин

Применим ли ЦФА для венчура в России?




В Якутске состоится фестиваль классического балета

Курс доллара упал ниже 90 рублей впервые с 1 февраля

В московском парке нашли мёртвого ребёнка

Сердце ядерного щита столицы: современный компьютер способен различить до 100 боеголовок одновременно




Заев очекува зелено светло од сите во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Премирот Зоран Заев очекува Македонија следната недела да добие датум за почеток на прегворите за членство во ЕУ и се надева дека со чекорите што ги презема земјава, ќе ги убеди сите кои се уште имаат одредена резерва за проширувањето на ЕУ. „Се надевам дека ниту една земја од ЕУ нема да остане рамнодушна на напредокот, на пријателството и на европскиот манир кој Македонија го демонстрира. Холандскиот Парламент донесе позитивна одлука за нашата земја. Се надевам дека ќе омекне срцето на Макрон и дека и Франција ќе го направи тоа“... Читать дальше...

Арифи: Не очекувам резулат од средбата Тачи - Вучиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Марко Ѓуриќ и Авни Арифи, кои се главните преговарачи на Белград и Приштина, денеска во Брисел ќе имаат нова рунда разговори со што по три месечна пауза, продолжува техничкиот дијалог Белград - Приштина. Средбата на преговарачите ќе биде со посредство на директорката за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи Ангелине Ајнхорст. Според Арифи, дијалогот е во критична фаза и затоа „не очекува резултати од претсојната средба на претседателите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, во недела во Брисел“.

Сите во Унијата да ја поддржат Македонија, вели првиот советник на Хан

SlobodnaEvropa.mk 

Франц Шаусбергер, специјалениот советник на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за весникот „Пресе“, вели дека земјите членки на ЕУ, а пред се скептиците Франција и Холандија, а  делумно и Германија, на Самитот на Унијата следната недела, треба да го признаат постигнатиот напредок на Македонија со потпишувањето на договорот со Грција и да дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори. Шаусбергер во интервјуто додава дека успехот на договорот меѓу Македонија и Грција... Читать дальше...

Добра волја или покритие пред големите тендери?

SlobodnaEvropa.mk 

Владата ги повика невладините организации да се вклучат во мониторинг на јавните набавки, но тие и сега може да ги следат тендерите. Со повикот владата сака да покаже волја во борбата против корупцијата или да ги искористи граѓанските организации како покритие во пресрет на милионските тендери?

Не се очекува отпорот во Грција да го урне договорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

По потпишувањето на договорот за името, владите и во Скопје и во Атина се соочуваат со внатрешен отпор. Во Грција пак, и владините коалициони партнери се закануваат со напуштање на мнозинството. Но упатените велат дека, сепак, не очекуваат тоа да се случи.

Нов случај на „дипломатско“ заболување на Куба

SlobodnaEvropa.mk 

Од американскиот Стејт департмент потврдија дека уште еден американски дипломат, прв во последните 10 месеци, бил жртва на мистериозно заболување, кое до сега беше констатирано кај  24  Американци на Куба. Станува збор за првиот медицински потврден случај во Хавана, од август 2017 година. Бројот на Американци кои доживеале ваков инцидент сега порасна на 25, изјави портпаролката на американската дипломатија пред новинарите во Вашингтон.



Москва

В Москве произошла драка с участием 15 человек, двое в больнице


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал о Международном форуме инноваций БРИКС



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Певец

Певец Эмин Агаларов дал первый концерт в России после трагедии в "Крокусе"




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

«Молитесь, друзья»: сын олимпийского чемпиона Ивана Стретовича погиб во время родов в Новосибирске

Курсант Пермского военного института Росгвардии принял участие в финале интеллектуальной олимпиады Приволжского федерального округа

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве


ATP

Теннисист Медведев потеряет место в рейтинге ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Более 1 тыс опор ЛЭП заменят на севере Подмосковья в 2024 г



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России