Бејли: И културата и уметноста се стратешки менаџмент
![Бејли: И културата и уметноста се стратешки менаџмент](https://gdb.rferl.org/7D9718EF-DC06-438D-AE02-60BA3027B863_cx9_cy12_cw67_w800_h450.jpg)
Мора да барате креативни начини за стекнување публика, да бидете претприемачки настроени, стратешки да размислувате и планирате и да имате темелен финансиски менаџмент за да може да се остварите во денешни услови, зашто културата е област на натпревар и конкуренција, порача амбасадорот Џес Бејли на отворањето на дводневниот симпозиум за менаџмент во уметноста.
Настанот се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со Министерството за култура и „Локомотива“ – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата од Скопје.