Заев: Не може на секој закон да се стави џебно вето
![Заев: Не може на секој закон да се стави џебно вето](https://gdb.rferl.org/BB6E1EA3-8E0A-4E10-A85B-8D4B28D03ABA_cx17_cy4_cw53_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш упати апел до претседателот Ѓорге Иванов да го стави својот потпис на Законот за јазиците и да овозможи непречено функционирање на демократијата во општеството.
„Тоа испраќа порака дека претседателот може да си одлучи кога сака и на кој сака закон да го стави таканареченото џебно вето. Тоа не е функционална демократија. Одговорноста е преголема“, рече Заев.
Тој нагласи оти треба да се повикуваат надлежните институции како Уставниот суд, но и да се обратиме и до Венецијанската комисија.