Денови се бројат до решение за името
![Денови се бројат до решение за името](https://gdb.rferl.org/61A2FB8E-0889-47B5-AF62-8E4058137F24_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Изјавите на премиерот Зоран Заев и на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас упатуваат на тоа дека во следниве денови се очекува исход на преговорите за името. Во меѓувреме, за јавноста остануваат нејасни прашањата за опсегот на употребата, името и идентитетските одредници.