Косовската Влада ја повлекува Платформата за преговори со Србија
![Косовската Влада ја повлекува Платформата за преговори со Србија](https://gdb.rferl.org/0D023889-2E79-4F67-A711-3F414A459D3D_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Косовскиот министер за труд и социјала, Скендер Речица, во име на Владата дека поднесе бараање до Собранието за повлекување на Платформата за дијалог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јави МИА
„Од името на премиерот Рамуш Харадинај барам разбирање за да се симне од дневен ред платформата за финализирање на дијалогот меѓу Косово и Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји, процесуирана на 23. април 2018, за да се даде време за градење поширок нацинален консензус и за понатамошни консултации“, стои во барањето поднесено од Речица.