Наскоро заедничка македонско-косовска владина седница
„Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи вчера на владина седница беше назначен за координатор за седницата и тој заедно со заменик-претседателот на косовската Влада треба да го одредат датумот за одржување на седницата“, информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа.
Македонската Влада досега заеднички седници одржа со владите на Бугарија и Албанија.
