НАТО ја зголемува подготвеноста поради руската агресивност
„Очекувам да се договориме за иницијативата за подготвеност на НАТО „Четири триесетки“, рече Столтенберг на денешната прес-конференција во Брисел.
Тоа значи дека Алијансата до 2020 година ќе има 30 механизирани баталјони, 30 воздухопловни ескадрили и 30 воени бродови подготвени во рок од 30 дена.
Илјадници војници на НАТО се распоредени во Полска и во балтичките држави за одвраќање на Русија. Столтенберг рече дека иницијативата „Четири триесетки“ има за цел поголема координација и поголема мобилност.
„Мора да бидеме подготвени за непредвидливото“, рече Столтенберг.
Тој рече дека НАТО ја модернизира командната структура, а министрите за одбрана ќе треба да потпишат договор за два командни центри – еден за заштита на транспортните линии во Атлантикот, која ќе биде сместена во Норфолк на источниот брег на САД, а другата за координација на движењето на армиите низ Европа, кога ќе биде сместена во градот Улм на југот на Германија.
